„Скини“ фармерки - ај со здравје

Тесните, припиени фармерки се меч со две острици: или ти стојат одлично, или луѓето добиваат желба да те замолат да си одиш.

Од магазинот Ел ќе речат вака:

„После години на врвот, овој модел е сега залегната поранешна рок-ѕвезда што се бори за живот додека гледа како помладите, поенергични колеги привлекуваат рефлектори. Океј, Кејт Мос уште носи „скини“, ама таа е Кејт Мос, а ние, за жал, не сме.“

Блогерката од Фругалити, Александра Стедман се согласува дека им е време:

„Како што станувам повозрасна, не ми е до покажување слаби нозе, или носење тесна облека - удобноста во облеката ми е поважна. Плус, моделите на фармерки сега од тенки силуети се движат кон опуштени и волуменозни - и многу ми се допаѓа тоа.“

Парижанката, креативен консултант и уредник во Ел - Камиј Кариер исто така не се брза да им се врати:

„Беше тешко да излезам од нив, особено како Французинка, ама сега ми е тешко да им се вратам. Мислам дека кога ќе дојдеш до одредена возраст, изгледаш рокенрол во тесни, а елегантно во бојфренд фармерки.“

На прашањето каде потфрлија скини-фармерките, одговорот е очигледен - тексас-хеланките ги уништија, од моментот кога почна да се користи премногу ликра.

Сега доаѓаат нови модели, и тоа повеќе, а се задржуваат тие што со текот на годините се гледаше дека никаде нема да одат - машки, широки, сѐ што дава акцент на удобност, а сепак дотераност. И уличната мода како феномен придонесува за трендот - останува тоа што е доволно удобно и за спиење, а скини-то оди, се надеваме, во заборав.

25 април 2023 - 13:26