Прво, патикиве на сликата не се баш патиките што се продаваат во новата колекција на Баленсијага, туку претерана верзија чија главна цел е да привлече внимание.
Според информациите, портретите на утепаните патики (какви што можеби и ви се шуткаат по подруми, ако не сте ги фрлиле од втора средно) налагаат дека новите патики на Баленсијага се „патики за цел живот“.
Целта е постигната, бидејќи луѓето стигаат само до првата фотографија и вирално ја споделуваат, згранати од дрскоста на Баленсијага (а не им е ни прв пат). Иако, да бидеме реални, 1850 долари (1750 евра) за испокината платнена патика е малку вон памет.
Но, без гајле. Има и за помалку од 700, ако се секирате.
Уредничката на ЏиКју Франција напиша:
„Пораката е јасна: Купете и носете засекогаш. Димна ќе ги натера луѓето што можат да си дозволат луксуз да купат патики што личат на носени за 1450 евра. Сосема наопаку ја врти суштината на луксузот. Се исмева со луѓето што навистина би потрошиле минимална плата на парче што а) може да го фрли, б) што е навидум безвредно.“