Синди Крафорд за убавината на стареењето и други важни работи

Видеото почнува со девојката што, видно возбудена дека разговара со неа, ѝ вика дека се чувствува како „да гледа директно во сонце”. И стварно впечатокот кога ја гледаш Синди Крафорд е некако таков.

Со 51 година, Синди Крафорд се држи фантастично и чекори заедно деловниот свет, социјалните мрежи и сè што носи времето денес, многу поинакво од кога таа беше на врвот. А кога разговара со луѓето ич не ти делува дека некогаш воопшто се симнала од таму.

Скроз ѝ се јасни лажните инстаграм профили, ќерка ѝ не ѝ го покажува нејзиниот, а таа преку својот е сам свој пиар пред 2.5 милиони следачи.

Раскажува и за нејзината колекција за убавина, Meaningful Beauty, се начнува и темата за несигурност (мамо, сакам да ја изваам бемката) и убавината на стареењето и времето што одминува. И, за сите што се вљубени во модниот свет од ’90-ти, има и добар муабет и за таа златна модна епоха.

28 ноември 2017 - 12:00