Што треба да се постигне до 35

„Добредојдовте во вашите 30-ти. Сега имате омилен супермаркет.”
-Непознат автор

1. До 35 треба да имаш барем една вилушка во фиока што едноставно не ти се свиѓа и се нервираш кога ќе ти дојде при рака.

2. До 35 би требало веќе два пати неделно да налетуваш на пријатели и да им се развикуваш „ТРЕБА ДА СЕ ВИДИМЕ”. И никогаш да не се видите. Само си се дерете така еден на друг, додека еден од вас не умре.

3. Да имаш кутија со кабли, ама не ги фрлаш затоа што гарант ќе ти се најде некој од нив, само не знаеш кој.

4. Да имаш цел плакар со облека што ти е мала, и да ја чуваш со надеж дека некогаш пак ќе влезеш во нешто од тоа.

5. До 35 треба бар еднаш да имаш гледано Бриџит Џонс со помислата „на 30 може да си дозволи да живее сама?”

6. Жените до 35 години веќе треба да: шетаат низ куќа и да викаат „зошто се запалени сите светла? Јас на пари ли спијам? Ќе тргне ли некој некогаш завеси? Како е пак растурено кога само што средив?”

7. Да се изненадуваш кога луѓето мислат дека си го средил животот, а ти врска немаш што правиш.

8. Да имаш ќеса со распар чорапи што ти е страв да ги фрлиш, затоа што истата секунда ќе се појават тие што фалат.

9. Да фрлаш пластични садови затоа што си преуморен и емотивно истоштен од животот за да ги миеш.

10. Да имаш колекција изговори за откажување планови и осмислен систем како реалистично да ги ротираш.

11. Да си спремен за спиење. Што порано - тоа подобро. Односно, поарно цел ден во кревет.

12. Да имаш елемент во кујна со чаши што само ти знаеш точно за што се, па да се чудиш кога некој ги користи за погрешната пијачка.

13. До 35 забележуваш сличности меѓу тебе и некој од твоите родители, а си се заколнал дека нема да бидеш како нив.

14. Да имаш список на документарци што ги препорачуваш по луѓе, а ти не си ги гледал затоа што никако да ти се погоди расположението за тоа.

15. Да се мислиш дали да ја измиеш теглата од Нутела, затоа што може ќе ти се најде за нешто.

16. Секое излегување од продавница да викаш „Ништо не купив, а види колку пари потрошив” и „Порано со 500 денари се враќав со 10 ќеси.”

17. И да имаш омилен супермаркет.

18. И до 35, треба да си свесен дека сите се учат по пат и никој нема поима што прави.

27 мај 2019 - 01:12