Сè повеќе парови бираат да живеат одвоено

И постојат три типа на вакви парови.

За многу двојки, вселувањето заедно значи голем чекор во врската. Традиционално гледано, ова значи брак, иако често се случува луѓето да живеат заедно пред да се одлучат на тој чекор.

Но, одлуката да бидеш во врска, а да не живееш со партнерот е изненадувачки честа во последно време. Според истражувањата и анкетите, одвоеното живеење на луѓето им ги обезбедува предностите на автономијата - да правиш што сакаш во твојот простор, да останат нештата онака како што си биле и до сега, а интимата со партнерот е само плус.

Но, има и една помрачна мотивација: Страв. Одвоеното живеење може да се должи на анксиозност, ранливост, дури и страв од живеење со партнер. А не помага ни фактот што без разлика што живеат во посебни живеалишта со партнерот, жените и понатаму остануваат во традиционалните улоги.

Освен во врските на далечина, многу од анкетираните живеат блиску еден со друг, некогаш дури и на иста улица и постојано се заедно. Речиси сите константно контактираат преку пораки, Фејстајм, Фејсбук и други платформи за комуникација. И сите прашани очекуваат моногамна верност.

Постојат три типа на двојки кои живеат одвоено - на првите им е „многу рано“ и „не се подготвени“ - ова се млади луѓе кои заедничкото живеење го гледаат како некоја следна фаза од животот. Потоа има двојки што сакаат да живеат заедно, но не можат - не можат да си дозволат заеднички стан, или едниот има работа на друго место, или не може да добие виза. Третите се оние што имаат избор и бираат да живеат одвоено долгороччно. И токму оваа група треба да го искористи тоа за креирање на нов и подобар начин на живеење.

За некои, изборот да живеат одвоено, не се однесува само на наоѓање нова или подобра форма на интимност - се работи за реакција на ранливоста, анксиозноста, па и стравот - и нуди заштита.

5 јуни 2023 - 00:06