„Сакав да се држам до таа порака, во моменти кога е полесно да се чувствуваш како да не можеш да направиш разлика, без разлика што правиш.”

„Ова се несигурни времиња. Но, според мене, Женскиот марш симболизираше одбивање да бидеш тивка, и одбивање другите да продолжат тивко и тоа ми беше многу важно. Сакав овие жени да бидат повторно прикажани како хероините што ми се потребни сега како возрасна исто како што ми беа потребни кога бев мала. Да ги видам како се борат за добро и за вистина, како што правеа и во нивните сопствени наративи. Сакав оваа серија да покаже дека можеме да бидеме силни и во реалниот живот, не само кога препливуваме океани и се бориме со мечки. Не е фантазија да се биде храбра, моќна и прекрасна принцеза во реалноста.”



Додава и дека, според неа, филмовите на Дизни се ран индикатор за тоа што ќе значи да бидеш жена – како ќе изгледа, што можеш да правиш, и што се смета за херојско и за пофалба. Понекогаш, ова остава простор филмовите да бидат презрени за пораките што ги праќаат. И точно е дека постарите филмови веќе застаруваат во однос на промената на општеството и нашите очекувања. А нејзиниот заклучок е дека Дизни во последно време прави напори да опфати повеќе прашања од тој контекст и да го промени фокусот на женските приказни.


