Оваа вест доаѓа по еден тренд на социјалните мрежи каде што луѓето споделуваат кои сè славни личности биле непријатни во ресторан и се дереле по персоналот, инспирирани од најновата точка од списокот „Зошто светот го мрази Џејмс Корден“.
Имено, на Корден му забранија да стапне во њујоршкиот ресторан Балтазар затоа што бил ужасен. Сопственикот сподели дека бил
„Најсилеџиски муштерија досега, од 25 години постоење на ресторанот.“
Ги третирал гадно и им се развикувал.
Потоа, Корден се јавил да се извинува, па сопственикот, кој изјави дека и самиот често знаел да згреши, верува во втори шанси, па му ја тргнал забраната за влегување.
Инспириран од сето ова, стенд-ап комичарот Тод Левин, кој кај Конан пишувал 10 години, од 2010 до 2020, се сеќава дека:
„Во КОНАН имаше еден од екипа што го отпуштија затоа што Конан го виде како е нетрпелив и непријатен со келнер во ресторан.
Онака ми текна, без никаква посебна причина.“
Нека стои ова тука како пријателски потсетник дека е мизерно да се однесуваш некултурно и „од високо“ со луѓето што ти служат храна и пијалок, само затоа што тоа им е работа.