Речиси 150 години откако „Џек Мевосек“ сеел страв низ улиците на Лондон и идентитетот му бил непознат, се тврди дека конечно постои име.
Неговите жртви се познати како „канонските пет“ - ладнокрвно убил најмалку пет жени, меѓу кои и Кетрин Едоус. До денес се вртат имињата на 16 осомничени, од најобични луѓе, до членови на кралското семејство. Многу теории се поставени, многу филмови снимени и многу книги напишани.
Доказите се можеби слаби, но историчарот Расел Едвардс игра клучна улога во комплицираната ситуација. Го купил шалот на Кетрин Едоус и го тестирал за ДНК. Крвта на Едоус се совпаѓала со крвта на некои од нејзините потомци, а понатамошни тестови на сперма нашле поврзаност со далечен роднина на човекот за кој Едвардс тврди дека е роднина на еден осомничените - Арон Космински.
„Веќе не е само осомничен,“ пишува Едвардс. „Мојата потрага заврши: Арон Космински е Џек Мевосек.“
И потомците на Едоус и потомците на Космински се задоволни. Се надеваат дека Космински ќе може и легално да се врзе со убиствата.
Карен Милер, пра-пра-правнука на Кетрин Едоус за Дејли Мејл изјави:
„Името Џек Мевосек стана сензација. Во историјата е влезено како да е славна личност. А името на човекот пшто го направил ова? Да може јавно да се именува на суд, кој би ги земал предвид сите докази би било некаква правда за жртвите. Имаме доказ. Сега треба да побараме легално да се именува убиецот.“
Сепак, не е дека нема прашања. Веќе пристигнуваат првите коментари со сериозни аргументи: Од кај 100% поклопување во ДНК, од пронајдена сперма на шалот, кога Кетрин Едоус била проститутка? Од кај дека не се работи за друг човек со кого имала приватен однос? И ако крвта е споредена со потомци на тој Космински, како знаеме дека е баш тој, а не некој друг од неговото семејство?
Едвардс има две книги на темата - најновата Naming Jack the Ripper: The Definitive Reveal, продолжение на првата, Naming Jack the Ripper.