„Откажаа“ книга на тема „Култура на откажување“

А ќе речат, не постои култура на откажување. Само уште да објаснат како, ако не постои, се откажа книгата на Џули Бурчил со наслов „Welcome to the Woke Trials“.

Бурчил е новинар во spiked! и пишуваше книга чиј наслов во слободен превод би бил „Добредојдовте во освестениот процес/судење“, која ветуваше за нејзе типично сецирање на хистеријата и нетолеранцијата на освестеноста. И толку. Нема да ја видиме, затоа што издавачот се повлекол, откако Бурчил се направила лом (на Твитер) со некого.

Закачката се разбира, како и сите на Твитер не вреди да се анализира до изнемоглост. Некои од крстоносците открил статија што ја напишал Род Лидл за Спектатор, каде што кажува дека не би можел да биде наставник затоа што веројатно би пробувал да им се пикне во гаќи на тинејџерки. Како шега - глупо. Но, тоа се разбира доведе до означување како педофил од, како што ќе пише Брендан О’Нил, „од хумор оперираните буквалисти што се изговор за „левица“ во денешна Британија“.

Во дискусијата влегува Бурчил и авторката на оваа хајка, Еш Саркар ја прашува што правиме со многу младата жена на Мухамед, Ајша. Коментира и дека е „лицемерно од нејзина страна што збудалува од коментарот на Лидл, со оглед на тоа што следи религија чиј пророк има ваков брак“.

Одовде настапува хаос - пискаат „расизам!“, иако деновиве сѐ им се чини така.

„Ако почнеме да се прашуваме со кој памет се спомнува Ислам во дискусија за Род Лидл и неговите тинејџерки, ќе стигнеме и до тоа со кој памет човек има социјални мрежи,“ додава О’Нил, па ги кани неговите читатели да тркнат до паб, како попаметна алтернатива, и тоа пред повторно да ги затворат.

Хајката продолжи - ја истераа Бурчил од Твитер, некој препаметен се најде да се потсмева со фактот што нејзиниот син извршил самоубиство и на крај, издавачот Хачет ја отфрли книгата.

Што нѐ доведува до следното: ако некој некогаш се обиде да каже дека не постои нешто како „култура на откажување“, потсетете ги на ова: се откажа книга за култура на откажување затоа што авторот се осмели да искористи Ислам како аргумент. Оваа цензурирачка фурија иронично ја потврдува поентата на книгата на Бурчил - дека „неосвестените“ се на суд и прогласувани за виновни и протерувани од учтивото општество. И дека ова може да ѝ се случи и на една од најпознатите британски новинарки, и дека можат да ѝ го приредат мамини и татини синови и ќерки чии достигнувања не би пополниле ни ризла.

21 декември 2020 - 10:50