
Добро, и пред бадемовото млеко се ловеа сите можни начини да се јаде здраво, а притоа да се замара околината со колку е тоа уствари најздраво. Ама сега, доаѓа време кога посериозни луѓе го истражуваат овој феномен и го класифицираат како – занесување.

Пијачите на бадемово млеко имаат еден посебен пристап што народски може да се сублимира во „чекај ја да ти кажам“, и тоа врз основа на импресивниот нутриционистички профил на бадемот и тоа колку им е тешко да го конзумираат (ретко е, пенесто и слабо). Млекото од крава e за тие безумните што не пазат на ништо. Се појавија и варијанти од кокос, лешник и што веќе нема да им текне, и се нудеа на места каде што беше срамота да нарачаш макијато,а се нарачуваат кафиња и пијалоци со имиња што самите гости едвај ги изговараат. Дури и откако големите компании се потрудија да го направат бадемовото млеко подостапно за луѓе (читај: масовно производство, додатоци за да биде повкусно), фанатиците сè уште успеваа да си го задржат пуританскиот пристап.
Но, откако се интензивираа сушите во Калифорнија, бадемовото млеко смени трендовска категорија: од престиж, се претвори во неодржлив производ што предизвикува проблем за околината. Во 2014-та, се појави статија со симпатичен наслов, „Остајте тоа бадемовото млеко, вие неуки хипстери“, која несебично ги потсети читателите за интензивниот еколошки ефект (над 3 литра вода за еден бадем) за одгледување. Со оглед на тоа што 82% од бадемите доаѓаат од Калифорнија, земјата ќе пропадне од испумпувањето на вода, додека пазарот за бадеми расте, а тој за кравјо млеко пропаѓа.
На обвиненијата за неодржливост, љубителите на бадеми реагираа дефанзивно. Но грешката не е во такмичењето, туку во вербата во само една состојка – секоја сезона има нова – кељ, калинки, акаи, јогурт – сето тоа божем ќе нè спаси, ќе нè излечи, ќе ни даде вечен живот, а е всушност совршено огледало на нашиот пристап кон сè: безумна посветенот на Едното и чиста омраза кон Другото.