Околу носењето градник, со Џилијан Андерсон

Во 2021, на Инстаграм-средба со фановите, актерката Џилијан Андерсон објасни зошто веќе нема никаква намера да носи градник.

„Не носам веќе. Не носам градник. Не можам да носам градник,“ рече таа. „Извинете, ама не ми е гајле дали ќе ми стигнат до папокот, а ми стигаат до папокот. Нема веќе да носам градник. Премногу е неудобно.“

Во меѓувреме кажа и дека носи тренерки и би го носела тоа секој ден, ако може.

Ако ви фали објаснување на кои се начини Андерсон може да биде авторитет, беше номинирана за Еми за улогата за Маргарет Тачер во „Круната“, владееше со 11 сезони „Досиеја Икс“, парче направи во „Пад“, и назад на „Круната“, нека извини Мерил Стрип, ама не е сигурно дали сме добиле подобра Маргарет Тачер како публика.

Освен тоа, целиот лајв е пријатен за гледање, ако ви фали занимација за време на оваа симпатична претпразнична празнотија на градот.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Gillian Anderson (@gilliana)

1 август 2023 - 11:46