Дејвид Брент на Џервејс (или Мајкл Скот на Стив Карел) се претвора во Хана Хауард во серијата, а актерката Фелисити Ворд ќе дава свој спин на лошиот менаџмент во досадна фирма за пакување. И нели, добива вести дека ќе се затвора канцеларијата и влегува во вртлог од ветувања што не може да ги исполни, само за да го задржи „семејството од работа“ на куп.
Ова е тринаесетти римејк на серијата и прв со женска главна улога. Претходно ги имаше во Франција, Канада, Чиле, Израел, Блискиот исток и Полска. The Office Australia ќе го пуштат во 2024 на Прајм Видео, а почнува да се снима месецов.
„Воодушевени сме што ќе ја донесеме една од најдобрите комични франшизи во Австралија,“ велат претставници на Прајм Видео Австралија. „Чест ни е да го чуваме наследството, а притоа да воведеме нови, карактеристично австралиски ликови и едвај чекаме публиката да ја запознае Хана Хауард, првата шефица што форматот на Офис ја има истражувано.“