Saz е една од оние што навлегуваат меѓу редовите на креирањето содржини и сега споделува процес со кој што сопствениот најнормален, најобичен живот го претвора во краток филм воден од приказна, а како аргумент дека е тоа добро има милиони прегледи низ ТикТок и Инстаграм.
Колку и да звучи како реклама за сомнителен лек, или брз кредит, вели: Не чекајте животот да ви стане возбудлив за да почнете.
За да прикаже пластично колку и најбезвезна активност може да послужи, авторката се снима на - прошетка.