„Нормални“ родителски тактики што треба да одат во историја

Да повториме: Школо за родители нема, ама па има грешки што се повторуваат со генерации, а сѐ уште се сметаат за нормални и добри. На Редит некој поставува прашање: „Што е нормална родителска тактика што не треба да се смета за нормална?“ и одговорите баш отвораат очи.

Одбивање да се извиниш кога не си во право
Извинете им се на децата ако сте згрешиле. Признајте дека нешто не знаете кога ќе ве прашаат. Предомислете се кога детето ќе ви даде валидна причина. Ако растат во авторитарно семејство, тоа само ги учи дека немаат глас.

Споредување со браќата и сестрите
Класиката „Зошто не си малку како брат ти/сестра ти?“ ништо не прави за нивната самодоверба и навистина може да ги спречи да станат свои личности. А само тоа треба да бидат - не да бидат како нивните браќа и сестри.

Ги споделувате со нив личните проблеми
На пример, „Татко ти е ужасен, ни садовите не ги изми. Го мразам браков.“ Детето не ти е психијатар. И не може ништо да направи за да ти го реши проблемот. Наместо тоа, обрати му се директно на партнерот, па и на реален психијатар/психолог.

Отфрлање на емоциите на детето
Без разлика дали се работи за игнорирање или откачување.

Лутење заради „непочитување“ или „враќање“ кога децата ќе победат во расправија
„Кажи ми, нема да те карам“ …проследено со казна за што и да признале. Да не се чудите ако после ништо не ви кажуваат.

Сте го гледале Mommy Dearest?

Одземање на приватноста
Освен ако детето нема сериозен проблем со дрога или на некој друг начин си штети, нарушување на нивната приватност ќе има многу повеќе штета отколку корист за нивното ментално здравје, доверба и однос со вас. Не е важно дали ги следите преку телефон, ги прислушкувате или не им давате да затворат врата од соба.

Користење понижување или засрамување како казна
Зошто да ти биде мизерно и понижено детето?

Претерано заштитничко однесување
Ако не им дозволиме на децата да паднат, или ако премногу ги штитиме, ќе бидат помалку способни да се заштитат самите кога ќе го напуштат домот. Неуспехот е во ред, само обезбедете мрежа да ги фати.

Претерано размазување и фалење

„Сестра ми секогаш беше одлична во школо и беше остварен пијанист во средно. Моите никогаш не ѝ даваа обврски по дома, за да „си ги зачува рацете за пијано“. Тоа што беше одлична на сите полиња предизвика да ја фалат каде и да се сврти. Сега има 20 и кусур години, и не знае да готви, да чисти, дури ни сама себе не знае да се чисти и не може да прифати критика, колку и да е мала.“

Нема објаснување за одлуките
„Така ќе направиш затоа што јас така викам“ и слично. Наместо тоа, децата можат да учествуваат во многу одлуки што ги носите за нив, ако одвоите време да им објасните за што се работи. Децата разбираат многу повеќе отколку што мислат родителите, само треба да им се даде шанса.

27 мај 2021 - 10:09