Нешто грешиме

Модата како начин на изразување. Ревијата како уметничка инсталација. Кога ќе ги земеш овие две ствари предвид, многу работи ќе ти бидат појасни од аспект на „зошто” и „како” кога се работи за мажи во парчиња висока мода. Па, сепак, нешто од ова што следува, како да постои само колку да копа очи.

Оние Фејсбук-објави, полни со вакви слики и коментар „мажите денес, наспроти мажите пред 50 години” или „кај отиде светов?!” не е толку тешко да се занемарат кога ќе ти се разјасни на кои сè начини можеш да креираш јавна дискусија за твојот бренд. Особено во вода паѓаат кога живееме во време на поместување на родовите норми, или кога ќе ти текне дека подобар начин да го запаметат и да го споделуваат моделот е да го облечеш на машко, отколку на женско.

Па сепак, некои хм, креации од овие што ќе ги видиме, никако не ти даваат да ги оправдаш. Среќа, се враќаат карго-панталони во мода, па ќе одмориме од она што милуваат да го наречат edge.

Што да правиме на пример со ова?

(можно објаснување: брендот сака да ни ги покаже боите што ќе ги употреби во колекцијата)

Океј, супер за тоа погоре, него што да правиме со ова:

Или ова, што е цело грдо, без разлика на кого е:

Ова, да речеме, може да влезе во категорија: „полесно ќе го запамтите на машко, отколку на женско”.

Ама ова, што?

Или оваа крајно досадна комбинација, со отсуство на иновативност сокриено зад евтината финта „ај на хипстер ќе го облечеме.”

Океј...

Еве, сами кажете си: нослива ли е капава?

Капутот е, ама корсетов со грозни бои?

Ај, добро:

Ај, не:

Не.

Не.

Зошто?

Зошто со остатоци од детски роденден?

Зошто со забарски помагала?

И последново, најозбилно, што?!

Сепак, успешно. Еве, го дискутираме.

Кое ви е омилено?

8 април 2019 - 00:00