Немало рок за завршување на „Очи широко затворени“

Никол Кидман и Том Круз имале договори без наведен рок до кога би требало да се заврши филмот. На Кубрик му требало слобода да работи до кога сака.

Никол Кидман и Том Круз се соггласиле да работат на филмот додека Стенли Кубрик не ги ослободи, односно „до кога и да треба“. Винсент Д‘Онофрио кој со Кубрик има работено на „Фул Метал Џакет“ ги посоветувал да си изнајмат куќа или стан, затоа што „има да поседите во Англија некое време.“

Кубрик се плашел од авион, па целиот филм е снимен во Лондон, и покрај тоа што е сместен во Њујорк Сити. Се граделе детални њујоршки улици и агли во Пајнвуд Студиос, а Кидман и Круз толку време живееле во Англија поради снимањето, што нивните деца почнале да зборуваат со англиски акцент.

Филмот го има во Гинисовата книга на рекорди под „Најдолго непрекинато снимање на филм“, со 400 денови. Според кинематографот Лери Смит, голем дел од тоа се должи на фактот што Кубрик се опседнувал со секој детал, со изјави од типот „Не ми се допаѓа веќе тој абажур за ламба, ај да ја смениме бојата.“ Нонстоп имало дотерувања.

Патем, ова на Никол Кидман ѝ е едно од омилените искуства на филм, и го споредува со одење во школо за филм. Кубрик ја има и убедено да не се пензионира, како што планирала, за да се посвети на семејството. Наводно ѝ има кажано: „Му должиш на сопствениот талент да не престануваш.“ Наспроти ова, Том Круз го цитираат дека не му се допаѓало да го глуми Др. Харфорд, но и дека знаел да каже „ќе се јадев ако не го прифатев.“

Кубрик умрел само четири дена откако презентирал пред Ворнер Брос со она што се сметало за последната верзија на филмот. Причината била срцев удар, иако на интернет ќе најдете тон теории на заговор дека е убиен поради содржината на филмот.

28 јули 2026 - 09:14