Не трпам луѓе што не го заслужуваат моето трпение

Во морето книги за самопомош и нивните автори од кои пола се обвинети за некакви злоупотреби, се наоѓа и по некој ваков.

Хозе Микард Техеира зборува за една многу битна работа што очигледно и во школо треба да се учи - како да престанеш да ја трошиш душевната сила залудно и да се сконцентрираш на важните работи во твојот живот. Односно,

„Јас веќе не трпам луѓе што не го заслужуваат моето трпение. Јас веќе не сум спремен да трпам сè, и тоа ми дава живот.

Не се работи за тоа дека сум станал арогантен, туку сум дојден до точка во која ти е жал да губиш време на нешто што не ти лежи на душата, што ти предизвикува болка.

Јас не трпам цинизам, неоснована критика и захтевност од било каков вид.

Ја изгубив желбата да им угодувам на оние на кои не им се допаѓам, да ги сакам оние кои мене не ме сакаат и да им се смешкам на тие што не ми се насмевнуваат мене.

Веќе не трошам ниедна минута на лажговци и манипулатори.

Заминувам ако пред себе гледам преправање, лицемерие и евтино ласкање.

Не можам да поднесам ни површна ерудиција ни ароганција кај учени луѓе.

Трачевите ми предизвикуваат одвратност.

Не сакам ривалство и споредување.

Верувам дека светот е исткаен од спротивности, па поради тоа избегнувам луѓе со инертен, нефлексибилен начин на размислување.

Кај пријателствата ме привлекува верност, а ме одбива предавство.

Не комуницирам со луѓе кои не знаат да дадат комплимент или да кажат збор за поддршка.

Преувеличувања и крајности ме доведуваат до досада.

Тешко ми е да прифатам луѓе што не сакаат животни.

Но, над сето тоа, јас веќе не трпам луѓе кои не го заслужуваат моето трпение.”

-José Micard Teixeira

(ова е оној текст што погрешно ѝ го припишуваат на Мерил Стрип, ако ви е познат)

23 мај 2019 - 18:09