На плажа во 1920-те, и тоа во боја

Снимката е фасцинантна, најмногу поради фактот што личи како снимена можеби не вчера, ама пред едно 20-тина години сигурно. А не е - пред сто години е.

Чувството е како да си влегол во времеплов, за да стигнеш на место каде што луѓето уживаат во одморот на плажа, облечени, се разбира, затоа што е срамота голи, или ако ништо друго, во оние костими за капење што никако да ни ги вратат во мода, без разлика што е совршено време за тоа со оглед на драматичните предупредувања од штетните сончеви зраци.

Имаме прилика да видиме мода во боја, шминка и додатоци во боја, сè благодарение на вештачката интелигенција која сега учи да ги збогати ваквите филмови, да им додаде боја и амбиентален звук.

Како да си таму:

22 август 2023 - 14:48