На „елитната двојка“ што „ќе се множи за доброто на светот“ ѝ се случи Твитер

Елитен пар што тврди дека ќе се размножува за да ја спаси глобалната ситуација се сретна со бесот на Твитер, откако се појавија во статија на Телеграф каде што промовираа „пронатализам“.

Според статијата со наслов „Запознајте ги елитните двојки што се множат за да го спасат човештвото“ ова е веќе популарно движење во Силициумска долина. На пример, Илон Маск има 10 деца со три различни жени и верува дека цивилизацијата ќе се распадне ако не почнат луѓето да раѓаат повеќе деца.

Семејството Колинс кои себеси се опишуваат како политички конзервативни, исто така сакаат да го спречат глобалниот пад на популацијата со раѓање што е можно повеќе деца.

Со весникот споделуваат дека се свесни дека да се фокусираш на спречување на намалувањето на стапката на раѓање е малку нео-наци, ама лично го отфрлаат расизмот и концептот на хомогена популација. Наместо тоа, се надеваат дека ќе има различни култури.

Малколм Колинс негира дека ова личи на „Приказна за слугинката“ и тврди дека ако „осумте милијарди луѓе биле од животински вид, би се сметале за загрозен вид“.

Парот има три деца (мислевме ќе речат 18 на силниве изјави), од кои едно поминало генетско тестирање и селекција на ембриони за да има помалку шанси да стане гојазно или да страда од анксиозност, но се надеваат на уште четири.

Твитер обвинува за евгеника - кога се размножуваш за да ги зголемиш шансите за пожелни карактеристики.

И нормално, не останува должен на ваква глупост:

 

 

27 април 2023 - 13:11