Можно е да е здраво тоа што Бред Пит ти е „дечко“

Дали сте гледале интервју со славна личност, па сте помислиле колку би ви било забавно да се дружите? Или религиозно следите спортисти на социјални мрежи, па се однесувате како нив? Или чувствувате лично предавство кога ќе видите скандал со омилен глумец или пејач? Ако имате потврдни одговори, тогаш е можно да сте во парасоцијална врска.

„Парасоцијалните врски се еднострани врски со јавна личност, каде што човек верува дека постои врската,“ вели Ерин Рејбурн, сопственик, директор и терапевт во Евергрин Терапи. „Се работи за персонификација, всушност.“

Луѓето можат да формираат парасоцијални врски со било кој непознат, но најчесто се случува со јавни личности. Може да се случи и со цел спортски тим, со фиктивен лик од книга, серија, или филм.

„Врските се формираат со восхит од далеку, како за професор, политичар или свештено лице, или со конекција преку социјална мрежа - поврзани сте, но не се познавате во реалниот живот,“ вели Дон Грант, лекар и советник за Њупорт Хелткер. Иако не се работи за вистински поврзувања, експертите велат дека парасоцијалните врски не мора да значи дека се нездрави.

Во основа, се работи за замислување врска со другата страна што е комплетно несвесна за постоењето на првата. Нема реципроцитет. Терминот прв пат се воведува во 1956, а концептот се разликува од мега-фан. Ваквите врски обично не достигнуваат ниво на манијачење. „Луѓето што стануваат сталкери и манијаци, обично имаат намера да станат дел од животот на јавната личност,“ вели Рејбурн. „Парасоцијалната врска е повеќе замислена, или фантазија, луѓето не се впуштаат во никакви дејства кон таа личност.“

Линијата меѓу здрава и нездрава парасоцијална врска е тенка. Поентата е луѓето да се стремат кон реални врски. Парасоцијалните можат да помогнат при осаменост и покривање на некои социјални потреби до кои имаме ограничен пристап. Може да бидат и инспиративни - да имитираш како живее некоја славна личност за да си го подобриш сопствениот живот. Можат и да помогнат луѓето да формираат реални врски без да се плашат од одбивање, или луѓето со ниска самодоверба да се чувствуваат поблиску до нивната идеална верзија на себе.

Сепак, многу брзо можат да станат нездрави. Чувствата можат да прогресираат во опсесивност или заблуда и да одземаат време и енергија од социјалниот живот. Потребно е да се внимава да не се дојде до степен бирање на парасоцијалните пред реалните врски, откажување од можности да се создаваат вистински конекции, или барање на исполнетост во измислените.

7 октомври 2022 - 14:54