„По оваа воена агресија без преседан од страна на Руската федерација и растечката хуманитарна криза во Украина, Вог УА ги повикува сите меѓународни модни и луксузни конгломерати да престанат со било каква соработка со пазарот на агресорот веднаш,“ пишува во изјавата на Вог Украина. „Овие мерки треба да се однесуваат на брендовите кои произведуваат и дистрибуираат и продаваат модни парчиња, додатоци, накит, часовници, луксузни лајфстајл производи на рускиот пазар. Покажување на совест и бирање хуманост наместо монетарни придобивки е единствен разумен начин за конфронтирање со насилното однесување на Русија. Понатаму, Вог УА бара од глобалната модна индустрија да не молчи во овие мрачни времиња бидејќи има најсилен глас. Вог УА ги охрабрува своите партнери и колеги да се придружат на овој повик.“
„Париската модна недела трае, но во Европа се случува вистинска војна,“ вели Марусија Ковал, маркетинг директорката на Тсум Киев, која е сега во Полска. „Модната индустрија мора да се исправи. Доста тргувате, доста добавувате во Русија. Прекинете ги односите со Русија.“
Брендовите вака реагираат:
Акни Студиос:
Во забелешките за ревијата во Париз, пишуваат дека „брендот е солидарен со граѓаните на Украина и сите активности со Русија се прекинати во моментот.“ Донираа 100.000 евра на УНХЦР и УНИЦЕФ.
Адидас
Паузираат партнерство со Рускиот фудбалски сојуз.
Асос
„Ги набљудуваме шокантните настани во Украина, во хорор и неверување. Заклучивме дека не е ни практично, ни правилно да продолжиме да тргуваме со Русија и денес ја прекинуваме продажбата таму.“
Бурбери
Привремено суспендирање на пратки до Русија, поради „потешкотии во операции“, но три продажни места остануваат отворени. Ќе донираат во добротворни цели.
Најки
Според нивниот руски сајт, паузираат онлајн продажба затоа што „не можат да гарантираат испорака за муштериите“. Наместо тоа, ги праќаат купувачите во физички продавници.
Пума
Пума не врши испорака до Русија, но продавниците остануваат отворени.
Јукс Нет-а-Портер
На нивните руски стајтови објавија дека нема да испорачуваат до Русија. „Поради моменталната ситуација, не можеме да примаме нови нарачки за вашата земја. Сите други ќе бидат суспендирани на неодредено време.“