Модниот свет го изгуби Вирџил Абло

Првиот црнец кој беше уметнички директор на Луи Витон почина од рак на 41-годишна возраст.

На неговиот Инстаграм-профил се појави изјава во која пишува дека две години се борел со етка и агресивна форма на рак.

„Избра да ја претрпи битката приватно, уште од дијагнозата во 2019, се подложи на бројни тешки третмани, и сето тоа додека водеше значајни институции во светот на модата, уметноста и културата,“ пишува во изјавата. „Низ сето тоа, низ неговата работна етика, бескрајната љубопитност и оптимизмот никогаш не му откажаа.“

Пишува и дека Абло го водела посветеноста на неговиот занает, отворањето врати за другите и неговата мисија за креирање патеки за поглема еднаквост во уметноста и дизајнот.

Зимоска ја креираше експерименталната платформа за демонстрација на новата колекција, во период што сега веќе знаеме дека бил исклучително тежок.

А во таа, за него очигледно гадна 2019, го имаше и славењето на 80-годишнината од „Волшебникот од Оз“, заедно со речникот на неговите модни дефиниции.

„Често знаеше да каже, ‘Сѐ што правам е за 17-годишната верзија од мене’, верувајќи длабоко во моќта на уметноста за инспирација на новите генерации.“

Групата ЛВМХ, каде што спаѓа и Луи Витон го смета за „генијален дизајнер, но и човек со прекрасна душа и мудрост.“ Од Гучи се простија со, „Беше неверојатна инспирација за сите нас и како дизајнер и како личност. Длабоко ќе ни недостасува, иако неговата визија ќе продолжи да живее преку патеката што ја изоде во неговата кариера.“

28 ноември 2021 - 22:16