Презентацијата на колекцијата за пролет/лето 2021 има токму ваков формат.
„Помислете на личните конекции преку јавна платформа. Поврзување на точките преку глобален јазик. Поврзување, иако сме оддалечени илјадници километри,“ изјави Абло.
Ваквите мистериозни зборови се вовед за неговата Imaginary TV, екперименталната платформа што му ја претставува на светот.
Тајновитоста на проектот кој треба да ја „прикаже новата визија за светот“ е веројатно она што најмногу ги интригира медиумите, но освен манифестот од погоре и еден тизер што личи на визуелно фрагментирани, дистописки вести, друго ништо нема за анализирање.
За настанот има регистрација, по која што ентузијастите ќе добијат повеќе информации, а колекцијата ќе биде достапна за пазарење веднаш после него.