Има 75 години и модната кариера си ја лансирала откако се пензионирала од кариера што вклучувала и банкарство и филантропија. Сега се појавува во кампањи на познати брендови, а новопронајдената пасија ѝ го менува животот.
Сега ќе ја менува индустријата.
„Сакам да знам дека после 70, жените сѐ уште газат,“ вели таа.
И покрај општествените притисоци, не постојат правила за мода после 70. После пензионирањето, Долинг сфаќа дека луѓето имаат различен поглед на она што може и треба да се постигне до одредена возраст. Според нејзе, дури и да не те викаат на фото-сесии, не значи дека не можеш да бидеш ѕвезда на сопствениот живот, бирајќи парчиња што се истакнуваат.
„Обично се движиме кон сиво и црно кога ќе стигнеме до 70, па се губиме како позадина. Затоа мислам дека светлите бои се добар начин да се разликуваш.“
Советува да се бара вистинскиот крој на повеќе начини, а заедно со бирањето бои и дезени што те воодушевуваат, инсистира на бирање на „вистинските“ фармерки или панталони. Да не се плашат жените да ја следат сопствената модна филозофија и да бидат храбри кога нешто е без ракави. Нејзиниот стил го нарекува „класичен со пресврт“, и смета дека каков и да е денот, треба да се облечеш најдобро што можеш.
Уште едно парче што ѝ е коњак - блејзери. Поголеми.
„Поголемо, или да има повеќе копчиња. Тие разлики го прават посовремено.“