Мартин Мекдона: „Театрите стануваат опасно место за писатели“

Ирскиот оскаровец Мартин Мекдона, авторот на „Баншите од Инишерин,“ се пожали дека театри одбивале да постават негово дело на сцена затоа што не се согласувал со промени во јазикот.

За Бибиси изјави дека без разлика што е етаблиран автор и има претстави што продаваат карти, театрите сакаат „да ублажат некои зборови.“ Според него, ова е огромен проблем и театрите стануваат опасно место за писатели.

Инаку „Баншите“ на Мекдона беа номинирани за девет Оскари оваа година, претходно има добиено Оскар за краткиот филм Six Shooter, а „Три билборди пред Ебинг, Мисури“ исто така имаше повеќе номинации и Оскар за актерката Френсис Мекдорманд. Неговата драма „Човек-перница“ која раскажува приказна за писател уапсен од тоталитарна држава повторно ќе биде поставена во јуни.

Вели и дека државната цензура на писателите „нема абер да се подобри“ и додава дека владите сè повеќе се плашат од критички гласови.

„Мислам дека сме во многу застрашувачко време и новите автори треба да се тргнат од социјалните мрежи, да престанат да проверуваат ствари по интернет и да излезат и да шокираат.“

12 април 2023 - 13:58