За некои мајки, делењето на име со детето е феминистички чин само поради фактот што е неочекувано во денешното општество.
Меги Мертенс во Атлантик пишува за Сузана Вилсон, која, во моментот кога почнала да го спелува името на ќерка ѝ за да отворат досие во болницата каде што се породила - ја прекинале и ја предупредиле дека своето име го спелува.
„Брат ми е помладиот,“ вели таа, „И цел негов живот никој не се потресува што татко ми му го дал своето име,“ ѝ раскажала Вилсон на Мертенс.
Историски, имињата се патрилинеални затоа што често биле начин да се докаже сопствеништво на имот, наследство и репутација. Во фиктивниот свет на поп-културата, кога девојчињата ќе го добијат истото име како мајка им, на тоа се гледа како ексцентричност - вака беше на пример во „Гилмор Грлс“.
Сепак, не е ова модерен феномен; во некои култури, традицијата за матрилинеално именување од со векови наназад. Во Ирска и неколку други европски земји, често се случувало првата ќерка да го носи името на бабата по мајка, втората на бабата по татко, а третата да го носи името на мајката. Во земји каде што се зборува шпански, каде што се носат и двете презимиња исто така може да се сретне. Една продуцентка, Дестри Марија Сибли го носи името на мајка ѝ, родена во Мексико. Дестри се родила во Мејн, пораснала во ‘80-те, и свесна е дека не е нормално:
„Мислам дека е супер што мајка ми го продолжи тој обичај, а живеевме на место каде што беше чудно.“
И се надева дека жените што живеат во земји каде што е чудно, барем ќе размислат и во прашање ќе го доведат фактот што се зема здраво за готово како обичај за мажи, но не и за жени.
Во САД пред само две генерации се сметало радикално синот да не го носи името на таткото. Оттогаш, концептот на индивидуалност станува поважен и родителите им го пренесуваат на своите деца.
„Денес, за радикален потег може да се смета на ќерка ти да ѝ дадеш уникатна приказна за раскажување - барем додека не стане тренд,“ вели Мартенс.
Ние сме за скроз нови имиња. Ама ако е сосема прифатено да се прави чест на бабите, зошто тогаш не и на мајките?