Куќата на Роки без статуата на Роки нема поента

Адел ја купи куќата на Сталоне за 58 милиони долари, но кога сакал да си ја спакува и специјално изработената статуа на Роки, му рекла „не може“. И ние би така.

Во интервју со Вол Стрит Журнал, Сталоне се потсетува на моментот кога биле готови да потпишат со Адел за купопродажба на неговата куќа во Лос Анџелес и биле договорени на 58 милиони долари. Куќата има 8 спални, 12 купатила и 2000 квадрати. Планирал да си ја земе и статуата што гледала кон инфинити-базенот, и одма добил ултиматум.

„Рече - така нема договор. Тоа ќе го растури целиот договор,“ вели Сталоне. „Ја сакаше статуата.“

А веќе ја имал намалено цената од 110 милиони на 80 милиони. И кога веќе успеал да се договори со Адел, не му се оставало, па попуштил и статуата останала. Сега е еден од ретките непипнати делови од куќата, што Адел ја реновира цела.

И задоволен е. Вели, „Ми се допаѓа што ѝ прави. Ја прави прекрасна.“

22 јуни 2023 - 10:32