Кога те врзува траума, а не љубов

Што значи да имаш „поврзаност поради траума“ со некого?

Терминот trauma bonding се однесува на длабока емотивна приврзаност што човек може да ја чувствува кон некој што го злоупотребува, и полесно се развива кај личности што имаат историја со злоупотреба, експлоатација, или емотивна зависност во нивните претходни односи.

Без разлика дали врската е романтична, платонска или семејна, врзувањето заради траума лесно се прикрива зад чувства на љубов и посветеност кон другиот.

Еден од непријатните примери се емотивно непредвидливите луѓе. Вечното прашање е „зошто не си одат, ако врската е нездрава“, ама овој проблем тешко се забележува. Емотивно непредвидлив партнер те критикува, те вреѓа, за веднаш потоа да те опсипува со внимание, подароци, извинувања и ветувања дека „нема веќе така“.

Следниот пример е толку секојдневна појава, што луѓето не се ни свесни - истурање на сопствените проблеми врз другиот. Помислете на луѓето што ви се блиски и запрашајте се како се справиле последниот пат кога наишле на проблем или пречка?

Ако вие сте го изеле стапот еднаш, ај ќе разговараме. Ако нонстоп го јадете - проблем.

5 декември 2023 - 17:54