Кога маж ти мисли „дека е можеби геј”

Една жена се мажи за забавен тип што сака да се дотерува. Ништо спорно тука, така? Да, ама ѝ помага и да избере венчаница, и многу сака антиквитети и јакната му е со анимал принт од внатре... Да не претеруваме? Ај до тука можеби, ама не е баш совршен брак ако ти рече „знаеш што, ја не дека ќе направам нешто, пу пу, ама нешто се загледувам во мажи.”

Дозволете само да ја исфрлам иронијата на површина. Жената, истава оваа што завршила со искрен геј маж, се вика Cindy Chupack, што најнесреќно за целава статија, се изговара Синди Шупак. Извинете.

Синди Шупак (!) не е било која, туку повеќекратна добитничка на телевизиски награди (има работено како сценарист и продуцент на една ситна серија со наслов „Сексот и градот”) и за The Moth ја раскажува нејзината, во најмала рака - занимлива приказна.

The Moth е сајт за вистински приказни кои се раскажуваат во живо, славејќи ја уметноста и вештината на раскажување. Луѓе стојат пред публика и едноставно - раскажуваат, она што Балашевиќ го прави веќе со децении, а на никој не му текнало да го направи thing.

Освестен дека „30-годишна хипотека” звучи многу пореално и поопипливо од „ќе те сакам и чувам до крајот на животот”, на сопругот на Синди му текнува дека „можеби е геј.” 

Целата ведра приказна е овде:

28 септември 2017 - 15:19