На Нан Голдин од вакви ѝ се состои целото творештво. Според нејзе - грев е да се тргне шишето од кадар за да имаш ти „подобра“ фотографија. Апаратот го смета за едно обично продолжување на раката и за нејзе уметност е кога ќе го фатиш моментот, без разлика дали блендата се движи доволно брзо, дали светлото е доволно добро, или луѓето се „добро“ наместени.
Џејми Виндзор, фотограф и (ако воопшто мора да се додаде) вљубеник во фотографијата, на неговиот Јутјуб канал ја разложува уметноста на Нан Голдин, притоа гласно размислувајќи за привлечноста на една лоша фотографија.
Вели, те привлекува на поинаков начин, да се соживееш, да ја разбереш и допира до тебе на еден поинтимен начин отколку некоја совршена, школска фотографија. Ако сите слики што ни ги прикажува добијат совршена сцена, совршено светло и општо, совршена композиција, можеби ќе станат совршена претстава за една сцена, но емотивното од нив ќе го изгубат.
Ајде пауза од совршенството што ни го прикажува Инстаграм.
Да се порадуваме на лоши фотки: