Кога Катрин Денев го чистеше плакарот

Во 2019, Катрин Денев реши дека нема веќе место во плакарот во Нормандија (како и сите ние, нели, во нашите плакари во Нормандија), па на аукција ги стави цела совршена Ив Сан Лоран гардероба.

За модни ентузијасти со пари ова беше како Свет Грал за пазарење, ама и за останатите модни ентузијасти сепак е битно: Сан Лоран со револуција од дизајни се трудеше да создаде икона на моќна жена, па кога ја облекувал Денев, ја облекувал самата француска кинематографија.

„Американките ќе сакаат да си ја запалат облеката кога ќе го видат ова,“ извести во 1967 Women’s Wear Daily, откако дизајнерот го покажал новиот женски костум. „Ова е сензација на париската сезона… Каква ревија беше тоа - како излезена од Бродвеј.“

Сан Лоран почнува да ја облекува Денев кога почнувала да се прославува после The Umbrellas of Cherbourg (1964). „Острата сериозност на Ив за време на пробите и неговата срамежлива грациозност,“ изјави за Гардијан Денев во 2018, „се провлекуваат во сите години што сме ги поминале заедно. Имав само 20 години и беше привилегија да се има пристап до цел тој раскошен луксуз, да си го истренирам окото и вкусот покрај него.“ Следните 40 години му станува една од многуте музи и блиски луѓе, секогаш исправена покрај писта како поддршка.

Магнум опусот на она што Сан Лоран го има креирано за Денев е во Belle de Jour од 1967 на Луис Буњуел. „Ја креираше цела гардероба за нејзиниот лик Северин Серизи,“ велат од музејот на Ив Сан Лоран во Париз, „млада буружујка што наоѓа значење во нејзините вонбрачни афери во бордел.“

Работа на Ив му било да смисли гардероба што ќе ја рефлектира комплексноста на Северин, лик кој „е во исто време нежен и заводлив, особено во легендарниот црн мантил со плетени ракави и црниот фустан со сатенска јака во боја на слонова коска“ што ѝ го направил Ив.

„Меѓу хајлајтите на колекцијата, заедно со силуетите што ги има создадено ова динамично дуо, има вечерен фустан со мониста од пролет/лето колекцијата на YSL od 1969, што Денев го носеше кога го запозна Алфред Хичкок истата година,“ велат од Кристи. Пред да почне аукцијата се очекуваше дека може да достигне цена и до 5000 долари.

И не се само фустани и костими - видете додатоци:

И еве ги:

27 август 2021 - 09:58