Бендот го издава првиот албум во 1987 и речиси инстантно руши рекорди - продаден е во над 30 милиони примероци ширум светот и станува еден од најпродаваните деби-албуми на сите времиња. Сепак, раниот успех не значи доживотен успех - Guns N’ Roses имаат членови со комплицирани карактери и тоа носело и промени и расправии, распаѓања и - бизарности.
Слеш трчал гол по терен
После светската турнеја во 1989, која го одржувала Слеш пристоен (да не запаѓа во тешки дроги), повторно се вратил на старите навики. Во неговите мемоари пишува: „Излезе дека е почеток на долга и кошмарна опсесија со хероин што траеше од 1989 до 1991.“ После особено гаден коктел од хероин и кокаин, на Слеш му се случува многу лош трип и се сеќава дека мислел дека го бркаат „предатори со гумени суканици, со харпуни и автоматски пушки.“ Препаднат од страв, излетал преку стаклена врата, сосема гол, грабнал куќна помошничка како човечки штит, а после тоа сè уште бил толку издрогиран, што мртов сериозен раскажувал зошто го направил тоа.
Аксл Роуз спиел со девојката на тапанарот и го снимил односот за песна
Во 1987, ГнР ја снимале Rocket Queen, а 19-годишната Адријана Смит била во врска со Стивен Адлер. Адлер ја имал изневерено, па за одмазда се начукала и решила да има секс со Аксл, а за да биде погадно, снимиле аудио и тоа го искористиле како семпл на песната. Придонесот на Смит се слуша околу 2:30. После тоа ѝ било срам, но сепак решила да ја раскаже нејзината страна од приказната.
Слеш си донел планински лав во хотел
Слеш е вљубен во егзотични миленичиња, па до раните ‘90, веќе имал собрано куп отровни змии и гуштери дома, како и планински лав што се викал Куртис. Во јануари 1994 имало земјотрес и куќата му била оштетена, па сосе Куртис се пријавил во Фор Сизонс во Марина дел Реј.
Аксл му удрил бокс на Боуви
Ретко се наоѓаат луѓе што се закачиле со Боуви, но Аксл му успеало и тоа. Во 1989, Боуви се појавил на сет каде што ГнР го снимале спотот за It’s So Easy. На Аксл не му се допаднало како Боуви зборувал со девојка му Ерин Еверли, па го удрил и го исфрлил надвор.
Боуви се извинил, па продолжиле да шетаат по клубови цела ноќ.
Краделе од девојките на членовите на бендот и дилале дрога
Во извадок од книгата „Последниот од џиновите: Приказната за Ганс ен Роузис“ на Мик Вол, пишува дека поранешниот гитарист Изи Страдлин се сеќава какви глупости се правеле додека живееле во некое место со име The Hell House.
Толку многу биле шворц, што преземале очајнички мерки:
„Продававме девојки. Ако некој од дечките имаше секс со девојка во поткровјето, ѝ копавме по ташна.“
И дрога продавале, па не требало многу време да ги дознае полиција и да мораат да се кријат.
За малку немале да потпишат договор заради леќите на Аксл
Во март 1986, требале да го потпишат првиот договор со Гефен Рекордс, но Аксл за малку ќе ја уништел целата работа затоа што побеснел како мало дете. Според еден поранешен менаџер, не можел да си ги најде контактните леќи, па ги обвинил другите дека му ги украле и им рекол сами да си одат на потпишување.
Му ги нашле во џеб. Доцнеле на состанокот, ама сепак потпишале.
Аксл удрил полицајка на сред концерт
Во Омни Колосеум во Атланта, Аксл скокнал од сцена и удрил полицајка во лицето. Го собрала полиција, а некој го заменил за да се заврши концертот.
Подоцна, се согласиле да го пуштат, ако ѝ се извини на полицајката на писмено. Го потпишал извинувањето, но кога влегла, ја погледнал и ѝ рекол:
„Fuck you, you fucking jag-off cop.“
Си останал во затвор уште некое време.
Се истепал и со некој што му рекол дека личи на Бон Џови
Човекот бил фан и добил бокс што се осмелил да му каже дека личи на Бон Џови, а Аксл веќе следната вечер на концерт рекол „Бон Џови нека ми го пуши“. Ни Бон Џови не го мириса многу.
Добро, знаеме дека ве интересира Rocket Queen, еве да не се мачите: