Оригиналниот излезе во 1988, а приказната беше за недоамна загинат пар (Џина Дејвис и Алек Болдвин) кои се обидуваат да го избркаат новото семејство што ќе им ја насели куќата. Вториот дел се спремал веќе десет години и Мајкл Китон и Винона Рајдер низ годините спомнувале втор филм, но не повеќе од тизери тука и таму: на пример, во 2015, кај Сет Мејерс, Рајдер потврди дека стварно ќе има Битлџус двојка, ама оттогаш немало ништо посебно ново, до моментот кога се најави дека е можно во проектот да се вклучи Џена Ортега, која при ревамп на било кој постар филм веќе станува виза за освојување нова публика.
Сигурен датум сѐ уште нема, но претпоставките се дека доколку почне да се снима оваа година, можно е да го добиеме во 2024 или 2025, но во моментов сепак ова се само шпекулации. Она што не е шпекулација е дека ќе се вратат Мајкл Китон и Винона Рајдер.
Филмот нема да биде reboot, туку продолжение, со дејство 26-27 години после настаните од првиот.
„Она што е супер кај Битлџус е што во задгробниот живот времето не значи ништо, но во надворешниот свет приказната е друга,“ вели сценаристот Греам-Смит. „Имам груба идеја за што ќе се работи. Но, да истакнам дека не е римејк, туку вистинско продолжение со Мајкл Китон како главниот лик. Работата со која се согласуваме и јас и Тим и Мајкл и што е најважна е дека не сакаме да ја уништиме оставштината и споменот на првиот филм, попрво би умрел. Попрво не би се ни нафатил, би го фрлил наместо да направам нешто без почит и што не му е достојно на првиот.“