Едно истражување открива дека животни на кои секоја недела им се инјектира микроорганизам што се наоѓа во кравјо млеко и во почва стануваат имуни на додавање тежина од исхрана со голема количина масти и шеќери.
„Она што е впечатливо во оваа студија (објавена во Brain, Behavior and Immunity) е што се гледа комплетна превенција на додавање тежина поради исхрана,“ вели авторот Кристофер Лаури, кој е професор по интегративна физиологија. „Ова налага дека изложеност на овие добри бактерии ќе нѐ заштити од негативните здравствени исходи на типичната западна исхрана.“
Здравите форми на бактерии ги викаат „стари пријатели“ и еволуирале заедно со луѓето, но имаме изгубено контакти со нив по преселбата од фарми во поурбани и постерилни средини.
„Како што имаме изгубено контакт со овие стари пријатели што служеле да ни го регулираат имунитетот и да поттиснуваат воспалувања, сме дошле на поголем ризик од инфламаторни заболувања,“ вели Лаури.
Претходно откриле дека бактеријата Микобактериум вакае, присутна во кравјо млеко и почва, превенира воспалувања поврзани со стрес и поврзани заболувања кај глувци. За новото истражување, воопшто не планирале да прават студија за слабеење, туку да проверат дали истата бактерија помага и при воспаленија во мозокот кои резултираат со анксиозност поради лоша исхрана.
Иако сите тестирани глувци јаделе ист број на калории, и сите добиле на тежина како што поминувало времето, тие глувци што не добиле инекција со М. вакае, се здебелиле позначително и имале повеќе висцерални масти (околу стомакот, наречени уште и лоши масти), што се собираат околу органите и зголемуваат ризик од срцеви заболувања и дијабетес. Тие што добиле инекција имале помалку „лоши масти“.
Со овие наоди, заклучуваат дека М. вакае е ефикасна во спречувањето на додавање прекумерна телесна тежина.
Сепак, потребни се уште истражувања за да дојдеме ние на ред.
А, замислете само.