Примарниот тренд, Пинтерест го нарекува „атфлоу“, комбинација од спортска и елегантна гардероба - значи широки панталони, кежуал комбинезони и слични други разлетани работки, наместо обични тренерки и друго слично во кое скапавме минатава година.
Ова се должи на фактот што модата мораше да запре, на некој начин. Сепак, модната индустрија не би била тоа што е, да не беше способна за брзопотезна адаптација на условите, па брзо-брзо се снајдоа со „седење дома“ - фешн. Затоа, 2021 ветува удобност, пред се.
Главно:
Широк, мек кардиган
Комплет спортски градник и хеланки
Памучни комбинезони
Преголеми дуксери и маици
Сѐ меко
И, бидејќи сме фин сајт, еве ви линк до Асос, да не се мачите да куцате сами.
Дополнителна литература на темава, за модните јасновидци што предвидуваат иднина со еколошки оддржлива мода - тука.
За дотерување „до струк“ за на Зум - тука.