Како се вади лак од облека

Веројатно ви се случило да се зашлапате со лак по облека од невнимание, ама не е сѐ изгубено во такви ситуации.

Трајноста на лакот е токму тоа што го прави тежок за отстранување, бидејќи е дизајниран да биде цврст и издржлив - да преживее сапуни, туширања, мачканици и слично. Исто така, колку подолго го оставиме на ткаенината, толку ќе биде потежок за вадење, па тоа е прва работа што треба да ни падне на памет при ваков ситен несреќен случај.

Среќа па, има повеќе методи.

Прво, да се отстрани вишокот. Штипнете го со салфетка или друга хартија, а ако е делумно исушен, пробајте со пластична картичка или тап нож да го отстраните тоа што можете.

Се третира дамката: со отстранувач за дамки и памук, лесно се допира за вишокот да се пренесе на памукот. Се зема чист памук и се повторува процесот, но не треба да се става многу од средството за чистење, за да не се рашири флеката.

Се плакне и се става во машина - исплакнете со вода, па после пуштете на центрифуга, а може и претходно да се покисне со една лажица детергент.

Сушете на воздух - исфлекани работи не се оставаат во машина за сушење.

Ацетон се користи како последна надеж и не треба да биде маслен (тоа значи нова флека).

Со среќа.

31 август 2022 - 16:52