Пред еден месец, ревии имаа Шанел и Луи Витон, па ретко се наоѓа пофина прилика да се ѕирне во концептот на модно-залудениот дел од локалците и дојденците.
Очигледно проаѓа и амиш-шик (тоа првото што треба да е Миу Миу вајб) и сакоа од ‘74-та, ако добро знаеш да ги склопиш со накит и додатоци (како девојката после 4-та минута).
На 11-та минута имате нешто што во Скопје едноставно не се гледа. Да речеме, новата естетика на Гучи (која се базира на тоа како југословенските мајки нè облекуваа во ‘80-те, заб. на уредник), без Гучи, а со Зара, Х&М и Серџо Роси.
До крајот на видеото ќе бидете инспирирани да го раскопате плакарот, ама не вашиот, туку на член од фамилија над 80 години.
Врв!