Како се мести стан од $14 милиони за продажба

Кога продаваш стан, често полесно се продава ако на купувачот му го продадеш и „чувството на дома”.

Кај нас можеби ова и не е така дефинитивно одредено, ама по запад, становите се местат да изгледаат како домови, па полесно можеш да доловиш како ќе изгледа кога некој ќе живее во нив. 

Но, што се случува кога домот што треба да го шитнеш сосе чувство чини 14 милиони долари?

Се фативте за глава? Оф корс.

Станов што ќе го видиме е триплекс. ТРИплекс, од 2200 квадрати, во Њујорк. Плативте денес рата за кредитот од 4000 евра? Супер, да се вратиме тогаш на 14-те милиони долари. Односно, 12 ипол милиони евра.

Има три ипол купатила и приватен надворешен простор со поглед како од филм на Вуди Ален. Што значи, кога веќе имаш многу повеќе од 14 милиони, би требало да се продаде за секунда така?

Не баш, ќе каже нараторот.

Од овие причини, луѓето ангажираат професионалец, што ќе го уреди просторот „да го личи”, па полесно ќе може типот со спремните недоброиви милиони да замисли како ќе му биде ако го купи.

Шерил Ајзен е жената што не продава куќа или стан, туку живот од соништата:

15 јули 2019 - 17:41