Се работи за семејство чиј живот се распаѓа кога воз што носи хемиски отпад ќе се исчука и ќе ослободи токсични испарувања во воздухот околу еден мал град. i-d.vice поставува клучни прашања за тоа зошто е толку привлечно да се изгледа:
„Заради хаосот на 2022, па не звучи тотално нереално, па дури и пророчки?
Или затоа што естетиката му е апокалиптично-шик, собрано од пистите на есен/зима 22 и пролет/лето 23?
Или дека глуми интернет-дечкото на сите, Адам Драјвер и Грета Гервиг со пресирана коса?“
Адаптација е на романот на Дон Делило со истиот наслов и според естетиката и изборот на гардеробата, се гледа дека и филмот ќе биде сместен во периодот кога е излезена книгата.
Приказната го следи Џек, професор по хитлерски студии што го игра Адам Драјвер, неговата сопруга Бабет (режисерката на Барби, Грета Гервиг) и нивните четири деца, од нивниот и од претходниот брак на Џек. Кога хемискиот отпад ќе се ослободи во нивниот град, се формира црн облак и сите мора да се евакуираат. Од таму, филмот станува истражување на стравот од смртта и паничните одлуки што се прават за да се избега.