Како бе, одиш со ќерка ти на гинеколог?

Американскиот рапер и тв-водител ТИ (да, ни ние не сме чуле), предизвика општа згрозеност кога објави дека секоја година оди со неговата 18-годишна ќерка на гинеколог да ѝ го проверат хименот. Светската здравствена организација на тоа рече: „понижувачко и трауматично.” Или, сељак. СЗО сака да  каже дека е сељак.

Раперот е многу популарен во Америка и имал седум албуми во Топ 5 листи, од кои три стигнале до прво место (сериозно, кој е типов, ќе каже ли некој), глумел и во Американ Гангстер, во Антмен, а се појавува и со Карди Би во шоу за таленти на Нетфликс.

Никад чуле.

На еден подкаст го прашале за сексуалното образование на неговите деца и вака вели:

„Не само што сме разговарале, туку и еднаш годишно одиме на гинеколог да го провериме хименот. Да, со нејзе одам… И да ви кажам, еве до 18 години, хименот ѝ е сè уште недопрен.”

Па, каков успешен татко!!!

Призна дека хименот може да се скине и од други активности, но веднаш имаше и на тоа коментар:

„Доаѓаат и викаат, ‘Само да знаете дека има и други начини хименот да се скине, како од возење велосипед, атлетика, јавање и други физички активности. И на тоа им викам, ‘Докторе, ни јава, ни точак вози, ни спортува. Ај проверете го само хименот и веднаш дајте ми ги резултатите.”

СЗО во 2018-та, ваквите проверки ги осуди и објасни дека се болни, понижувачки и трауматични. И дека нема начин да се докаже дали девојката имала вагинален однос или не.

Портпаролот на тамошното здравство ги опишува овие тестови како „напад на младите жени без никаква научна или медицинска основа.”

Меѓу сите згрозени твитови, Planned Parenthood рече:

„Не знаеме на кој ќе му користи информацијава, ама невиноста е измислена социјална конструкција и нема никаква врска со хименот… Некои луѓе мислат дека може да се открие дали некој имал секс ако хименот е отворен. Но, тоа не е така.”

Загрижениот татко сè уште нема коментар, ама ќерка му ги лајкнува твитовите што го осудуваат, вклучувајќи го и твитот дека неговото однесување е „одвратно, посесивно и контролирачко.”

Немојте да правите вакви глупости.

8 ноември 2019 - 13:35