Колекцијата ја појави пред јавноста на 17-ти септември, ама луѓето на интернет не се баш задоволни. Наводно, како и претходни нејзини производи, и костимите се со лош квалитет.
Џенер пушташе тизери за новата бизнис идеја месец дена претходно, со Инстаграм профил што сега има скоро милион следачи. И да, костимите изгледаат одлично на фотографии од различни типови на манекенки, но сепак, очекувањата не се исполнети кај луѓето што ги нарачале.
На ТикТок има видеа со милиони прегледи, од искрени мислења за колекцијата, од жени што прв пат ги пробуваат пред камера. Една од почестите поплаки е за материјалот, за кој еден куп жени демонстрираат дека е проѕирен. Други се жалат од квалитетот и величините.
„Целиот е проѕирен. Не разбирам. Кога ќе мрднам, сѐ ќе излезе надвор. Никогаш не би го носела во јавност,“ вели јутјуберката Лора Ли. „Најнепрактичниот костим што може да се купи.“
Уште една јутјуберка коментира дека „не можеш да се мокриш во ова“.
Трета, Џесика Андерсон, која има сопствена линија, го користи искуството за коментари.
Не познавам тело што може да функционира во ова,“ вели таа. „Комплетно и тотално сум разочарана што ова е комплетно проѕирно. Сум видела што се прави за да се произведат костими за капење и фактот што никој не го забележал ова ми е нејасен. Сигурно и виделе, затоа што морале да ги обработуваат фотографиите во Фотошоп.
А еден во еден коментар, бесот се должи на тоа што „Кајли ова го дизајнирала за НЕЈЗИНОТО ТЕЛО. Не за просечната жена. Нема шанси некоја што ја познавам да влезе во ова и да не ѝ се лизне од неа.“
И нели редовното неразбирање како може некој да штеди на изработка кога е милијардер.
Од Кајли Свим се разбира уште никој не одговара, ниту пак јавно ги коментираат изјавите, но не им е ни прв пат. Претходно се имаат соочено со критики за други производи од другите категории на брендови, поточно скработ за лице од ореви што имаше контроверзни состојки. И се разбира, да не ги заборавиме пазарските четки за шминка што ги џиткаше Џефри Стар по студио.