Кај Сара Полсон дома

Мислевте дека живее во палата со 17 спални и 14ипол купатила, како што обично бива со ѕвезди од нејзин калибар? Е па, не.

Architectural Digest на сите ни овозможува најкомшиски да им ѕирнеме по дома на луѓето што ги гледаме на телевизија, и сега откако ја изнагледавме Сара Полсон во секакви варијанти во Американ Хорор Стори, можеме да видиме „што има по дома“.

И има трособен стан, на плажа. Уреден е фино, ненаметливо и зрачи со удобност.

„Океанот никогаш не ме повикувал. Јас сум човекот што се плаши да не има ајкула во када. Но, плажата одземаше здив. Како сум можела да живеам овде толку години и да не ја разбирам убавината на брегот?“

Една од поглавните причини што го купила баш тој дом е што била на гости во комшии, сосе кучето, и потоа го шетала на плажа. И никогаш не го видела посреќно. Нормално дека мора да се купи куќа таму.

9 мај 2023 - 14:46