Шон Вилијам Скот работеше со него на The Rundown и раскажува дека ги лажел луѓето дека му е роденден за да му носат торти:
„Беше меѓу првите денови на снимање и стоеше пред неговата приколка и изгледаше тажен. И му реков, ‘Сѐ ли е океј? Изгледаш тажно.’ И ми рече, ‘Па и сум тажен. Денес ми е роденден, а не добив ни торта, ни ништо.’ И потоа ме погледнува и вели, ‘Се шалам, не ми е роденден. Ама ќе кажам дека ми е за една недела и ти гарантирам дека ќе ми донесат торта…’ Чудно беше. И после помина една недела, и гледам дека му пеат ‘Хепи брдеј’ и му носат торта. И ме погледнува и ми намигнува. Не му беше роденден!“
Тарантино раскажува дека просто му било незгодно од тоа колку Вокен може да научи напамет, конкретно за True Romance:
„Освен мала импровизација, сѐ што има кажано во таа сцена беше по сценарио - а многу дијалог има. И ми стана незгодно првиот пат кога ја видов сцената… Затоа што го имаше научено напамет секој ред - секој ситен збор што го кажа, го кажа совршено. И беше речиси застрашувачки што така фантастичен актер толку сериозно ми го сфатил делото, да не измисли ништо, ништо да не измазни, да го каже секое ‘па’ и ‘аа’. Сè кажа и беше фантастично.“
Џеј Мор го имитира одлично, а има и одлична приказна за него:
„Седевме на шминка. Вокен седи, јас седам. И имам куче. Кучето се шета наваму натаму, и во еден момент излезе и пет минути, од никаде, Вокен вели, ‘Џеј, забележав дека кучето ти беше тука сега - кучето нема опашка. Што се случило?’ Откако Мор му објаснил, рекол ‘Тоа е толку тажно. Замисли: Супер би било да се има опашка. Луѓето би знаеле кога си лут. Би викале - назад! Пазете! Не се заебавајте со Крис денес. Видете му ја опашката.
…Шест часа подоцна, еден часот попладне, ручаме. И му одам и му викам, ‘Еј, Крис, што би сакал повеќе: Да имаш опашка, или да можеш да леташ?’ И пред да успеам да довршам, Вокен вели, ‘Опашка. Ова ти е најглупа работа што сум ја чул досега. Секогаш можеш да се качиш на авион.’“
Ванеса Ферлито од Standup Guys има приказна со мачка:
„Сакаше да ја позајми мачката на една од личните асистентки, па му ја донесе - за да се дружи зо мачката тој ден.
Кир О’Донел играше син на Вокен во Wedding Crashers:
„Во еден момент навистина ме третираше како син. Додека снимавме во Мериленд, имав слободно време. Некој ми тропна на врата и беше шоферот на Кристофер Вокен. Приколките беа далеку од сетот, па требаше со коли да одиме. Шоферот рече, ‘Г-н Вокен би сакал да знае дали ви треба превоз.’ Јас реков, ‘Денес не снимам.’ Но, шоферот рече, ‘А, не, тој ве побара. Може да одите со него?’
Излегувам и ете ти го Вокен на задното седиште на неговиот Линколн. Седнувам, тој ме погледнува и се насмевнува. Не вели ништо. Се возиме до сетот и нè оставаат.
Ова почна да се случува секој ден. Ќе го викнат на сет, ќе ми дојде шоферот, ќе ми каже, г-н Вокен оди на сет и сака да знае дали ви треба превоз. Сè уште до ден-денес не знам дали се заебаваше со мене, или му годеше друштвото, иако ни збор не си кажувавме. Како и да е, тоа ми беше посебен момент.“
За Wedding Crashers го барале затоа што со леснотија можел да ги вади сите од памет. Режисерот Дејвид Добкин не сакал комичар за улогата, туку некој што бил природно страшен:
„На Крис Вокен навистина му верував. Од Њу Лајн не разбираа зошто не бирам некој комичар за улогата, но јас реков, ‘Јас го гледам Вокен,’ затоа што знаев дека нема да треба да мрднам со прст за луѓето да се плашат од него. Тој ќе ми ја заврши целата работа. Истовремено е и еден од најдобрите живи актери, па на крајот на филмот, кога треба да има сериозни моменти меѓу него и Клер, знаеш дека ќе биде реално и дека ќе го спушти филмот на земја.“
Адам Сендлер, за соработката на Click:
„Вокен го учи сценариото напамет - а кога правиш комедии, понекогаш се случува да се менува сценариото - па, му се јавувавме да му кажеме, ‘Имаме промени за кај тебе’. Тој одговараше ‘Ама веќе го научив.’“
Кога пробале пак, повторно им одговорил: „Ама веќе е научено.“
Решението им било да си ги сменат сопствените реплики, а неговите да ги остават како што биле.
Дејвид Спејд раскажува за цел еден бизарен муабет за животни-глумци што го имале на снимањето на Joe Dirt:
„Бевме во една куќа и чекавме да почне снимање, мртва тишина, местат камера, па никој не знае што да каже. И Вокен почнува,
‘Дејвид, си работел со куче-глумец?’
‘Куче-глумец? Не, мислам не.’
‘Многу се добри. Прават како што ќе им се каже. Седат, стануваат, трчаат, па бркаат ствари.’
‘Супер, добро, ќе запамтам.’
(Пауза)
‘А си работел со мачка-глумец?’
‘И тоа ли има?’
‘О, да, голем бизнис е, ама не прават сѐ. Ако ѝ кажеш на мачка да седне и да прави нешто, не прима упатства.’
‘Така.’
‘А ако сакаш да мрднат, треба да ги допреш со стап, ама и обична мачка ќе мрдне ако го направиш тоа.’
‘Да, да, така.’
(Тишина)
‘А си работел со глушец-глумец?’
‘Не сум.’
‘Јас да. Во Mouse Trap. Добри се. Ако му кажеш да оди некаде, да застане и да оди лево, слуша.’
‘Како?’
‘Не знам.’
‘Не знам ни јас.’
(Некој од екипата) ‘Ајде, снимаме.’