Има нови гадни сандали, на Ugg се

Се работи за нова соработка меѓу брендот што произведува чизми што сите мајки ги мразат и кинескиот дизајнер Виктор Вонг.

Како може да се вакви?

Значи, само што ќе помисли човек дека врвот се достигна со тие црвените чизми ко за Мики Маус, има ново. И се вика Toe Uggs. Нели, Агс со ножни прсти.

Со ова, според ај-ди.вајс, заврши времето на човечки стапала.

„Обични стапала се олд скул и тоа не со можност да се вратат за десетина години и пак да бидат во мода - не, никогаш не сакаме веќе да ги видиме. Во јавен превоз, по улици, не сакаме апостолки и сандали, фрлајте ги! Од сега, единствените ножни прсти што сакаме да ги гледаме се метални. Фала ви Аг и Виктор, ни ги одговоривте молитвите.“

Ваљда е отворен мајтап?

Нејасното е (и веројатно никогаш нема да дознаеме од прва рака) е што со тие прсти? Стојат за украс или сопствените прсти ги бутаме таму?

И, знаете ли дека ќе се продаваат и налепници, за повремено на прстиштата да им направиш педикир?

Современа уметност левел - ништо вие не разбирате, или нова глупост?

А мислевме само Баленсијага прави глупости.

4 април 2023 - 00:00