И Прада се откажува од крзно

Каков фин свет.

Прада ќе ја претставува колекцијата пролет/лето 2020 и таму нема да има крзно. И никогаш повеќе крзно.

Минатата година, најголемите имиња во модниот свет го сменија ставот за употребата на крзно во нивните колекции. Се повеќе имиња се опаметија, што значи дека веројатно и светот ќе се опамети. И поарно да биде така, кога имиња како Гучи, Бурбери, Шанел, Жан Пол Готје, Версаче, Том Форд, Џон Галијано и Коуч сакаат да кажат - крзно е срамота, не се брукајте.

Сега и Прада објавува дека ќе се приклучи кон каузата, ветувајќи дека нема веќе да користи крзно и ќе ги продава до крај преостанатите материјали, наместо да ги горат.

Во тесна соработка со Fur Free Association, и веројатно под влијание на Мијуча Прада - забраната за крзно е дел од фокусот на компанијата на иновација и општествена одговорност. „Се фокусираме на иновативни материјали и тоа ќе овозможи компанијата да истражува нови граници на креативен дизајн, во етички услови,” вели Мијуча Прада за WWD.

Останува да почекаме уште неколку брендови да се опаметат вака, пред да стане погубно за репутација да користиш крзно како некој пештерски човек.

Се разбравме ли, значи? Крзно веќе не е статусен симбол. Нека трепка.

23 мај 2019 - 13:53