Празничните филмови на Халмарк се веќе во сопствен филмски универзум, со сите клишеа, предвидливи краеви и заплети што многу малку се разликуваат еден од друг. И пак си ги гледаме, ама не е тоа проблемот сега.
Пред неколку дена, Ден Хармон, креаторот на Рик и Морти објави едно откритие на Инстаграм: Халмарк пуштил еден ист филм... два пати.
Прво помислил дека филмовите се дел од франшиза, но кога закопал подлабоко, видел дека и двата се од 2021. И дијалогот во секоја верзија е идентичен, но сцените се различно монтирани затоа што, како што претпоставува Хармон, „веројатно имале различни монтажери“.
Ништо во описот на филмовите не објаснува зошто се толку слични и во двата има една голема возбуда што сестрите ги играат актерки што се сестри и во приватен живот.
Филмовите се инаку пуштени во промет со една недела разлика, за време на „Одбројување до Божиќ“ листа минатата година.
И двата филма имаат исти сценаристи и ист режисер.
И ист монтажер.
Како е можно сево ова?
Среќа, па една од сестрите коментирала на објавата на Хармон:
„Да. Сакавме да направиме нешто невидено за жанрот, ама и да останеме во неговите рамки и на сестра ми ѝ текна брилијантна идеја за два филмови што се случуваат во истата временска рамка и понекогаш се поклопуваат и ни требаа години да ја решиме сложувалката и на крај Халмарк конечно ни дозволи да ГО НАПРАВИМЕ ТОА.“
Звучи едноставно и бизарно во исто време. Дополнителното објаснување е дека едната е главна во едниот филм, другата во другиот, па си преминуваат од еден во друг.
Од Базфид заклучуваат дека филмовите се сепак различни, а преклопувањата се случуваат само неколку пати бидејќи секој од нив следи различна сестра.
И стварно се работи за нов концепт и станува двојно по-панк, кога ќе ти текне колку е Ден Хармон во право кога ќе каже, „луѓето обично не одат да експериментираат во Халмарк.“