Хали Бери објави убава (и гола) слика од себе, и луѓе се нервираат

Се случува славните некогаш да полудат и да објават разголеност за внимание, ама тоа обично излегува од имињата на кои сме навикнати. Ова е објавено со поинаква порака и многу е јасна, но не баш за сите.

Хали Бери објави прекрасна фотографија на Инстаграм, каде што стои гола на балкон, пие вино и ужива на сонце.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Halle Berry (@halleberry)

Под сликата напиша:

„Правам што сакам. Среќна сабота.“

Нејзините славни пријатели побрзаа да ја пофалат и неа и ставот и сликата.

Но, бидејќи, како што тоа одлично ќе го срочат од Мари Клер, Бери е жена што се осмелува да ја изрази својата слобода на интернет - има и глупи реакции.

Една личност конкретно вели вака:

„Замисли, имаш 50 години, сѐ уште објавуваш голи слики за внимание во менопауза, кога треба да одмараш со внуците. Стареење со достоинство веќе не постои.“

Фала богу па, имаа луѓето што да одговорат. Меѓу најбистрите реакции имаше:

Замисли да не сфаќаш дека сликата е достоинствена, а да мислиш дека твојот твит е.

Мора да се запрашаш што не е во ред со тебе ако се лутиш што Хали Бери е гола.

Замисли судиш некому само затоа што објавил фотографија. Не е битно кој колку е стар, сепак си е нејзин животот и може да прави што сака.

Многу несигурни мажи има на сајтов, нели?

И можеби најуспешното:

Доста бе, глуп.

Ова ви е фин потсетник да си објавите што сакате и да не ви е гајле што ќе ви речат. 

11 април 2023 - 18:13