Наместо по парфимерии, новото чаре се наоѓа во кујна, или барем во обичен маркет, а на ТикТок има тон видеа каде што се демонстрира како се нанесува (со густа четка).
На едно видео, една девојка тврди дека сега на сите ќе ни го промени животот со тоа што споделува дека со малку внимателно нанесување на густин во коренот, знае да помине и 8 дена без миење на косата.
И точно, многу е поевтин и поприроден е од сувиот шампон во спреј. Дали е безбеден и препорачлив?
Сувите шампони се производ што доаѓа во форма на спреј, пудра, гел или пена. Најпопуларната верзија - спрејовите - содржат алкохол или штирак. Не го чистат скалпот како што тоа го прават нормалните шампони, но апсорбираат маснотија и пот и додаваат на волумен.
Во ред е да се користи повремено, но ако се заборавите со недели, резултатот е валкан и мрсен скалп што ништо освен вода и сапун не го спасува. Во некои случаи, сувиот шампон може и да направи воспаление, како себореичен дерматит затоа што заробува габи на скалпот.
Густинот е пченкарен скроб и се користи за згуснување на супи и сосови, но знае и да апсорбира масло, маснотија и пот од косата исто како сувиот шампон.
Од трихологот Филип Кингсли:
„Пченкарниот скроб го има во многу суви шампони и се врзува со синџирите на масните киселини што ги има во себумот на скалпот.“
Друг трихолог, Тејлор Роуз вели:
„Се однесува слично како сувиот шампон, со тоа што додава на волумен и густина на косата, како и во тоа што прави скалпот и косата да изгледаат и да мирисаат на чисто, без суровите хемикалии.“
Сепак, како и кај сувиот шампон ризиците се тие: заробување на штетни материи, мртви клетки, пот и валканост на скалпот. И нема да го запре непријатниот мирис на немиена коса.
На крај, се сведува на следното: Сув шампон, а во случајов и густин - се наоѓа во итни ситуации, но не значи дека треба да се заборавите од немиење. Безбедно е за користење, сè додека косата се мие два пати неделно.