Грета Гервиг сруши рекорд за режисерки

Во Северна Америка, „Барби“ првиот викенд заработи 162 милиони долари. Ова е рекорд за филм режиран од жена и сега го држи Грета Гервиг

Ова е историска сума и со леснотија ги надминува 103,3 -те милиони долари за „Вондер Воман“ на Пати Џенкинс. Најмногу досега имаше „Капетан Марвел“ во режија на Ана Боден (со Рајан Флек) и беа 153 милиони.

Од другите статистики, Барби е на врв за годинава и врв од пандемијата наваму. Го надмина и „Опенхајмер“ - тричасовната историска драма што заработи 82,4 милиони долари првиот викенд.

Јакиот старт на „Барби“ се должи на визијата на Гервиг за ставање на најпопуларната кукла на светот на филм и во голема мера на неверојатната маркетинг кампања оркестрирана од ВБ и Мател.

Ова ѝ е трето критичарско милениче на Гервиг, после „Лејди Брд“ кој доби пет номинации за Оскар, вклучувајќи за најдобар режисер и најдобар долгометражен филм. Заработи 16,8 милиони долари, а „Женички“ од цел свет донесе 218,8 милиони, плус номинација за најдобро адаптирано сценарио.

На глобално ниво, „Барби“ до сега има 337 милиони долари, што значи не го надминува „Капетан Марвел“ со 455 милиони.

Инаку, пред рекордот на „Вондер Воман“, најмногу пари за прв викенд (и режисерка) имаше „Педесет нијанси сиво“.

25 јули 2023 - 11:53