Грдите сандали како моден феномен

Сандалите што не можат да се пофалат со изглед, колку што можат со практичност.

„Тоа се чевли за луѓе што се аутсајдери, ама истовремено и свесни за себе,“ вели Џиан Делеон, директор за машка мода во Нордстром. „Луѓето што ги носат признаваат дека има една удобност и привлечност во нив.“

Брендовите со грди сандали никогаш немале намера да бидат тренди. Првите што ги има направено компанијата Кин - се викаат Њупортс - се наменети за на едрилица. Чако, основана во 1989 е на човек што се бавел со рафтинг по реки, кој барал практични обувки. Општо, овие чевли и ним сличните останале исти од денот кога се изработени, делумно благодарение на фактот што при дизајнот и изработката, корисникот е на прво место.

И покрај нивните скромни почетоци, грдите сандали станаа фиксација на модниот свет. Биркенсток има соработувано со Валентино и Маноло Бланик, Крокс соработуваа со Баленсијага и Кристофер Кејн. Патики како Соломон и Асикс станаа редовен дел од уличната мода за време на модните недели, а се појавија и на писти.

„Се работи за еволуција и прогресија на патиките да станат норма, наспроти исклучок од правилото,“ вели Делеон. „Луѓето гледаат што друго има удобно за носење и прашуваат како понатаму да експериментираат со кежуал обувки. Не им е веќе страв да ризикуваат и да носат нешто само затоа што е удобно.“

Дури и при управувањето со преминот од обувка за активности, до обувка со луксузни имитатори, внатрешно старите брендови остануваат на корените и тераат со еколошките практики и намалувањето на отпадот, правејќи чевли кои ќе траат, наместо нешто дизајнирано само да го издржи краткиот тренд.

4 јуни 2023 - 23:51